Во Словачка, вчера, на првиот ден од вториот круг на масовно тестирање на коронавирус, биле тестирани 1.297.571 граѓани, од кои 0,63 проценти биле позитивни.

Како што изјави денеска министерот за одбрана Јарослав Над, позитивен резултат добиле 8.172 лица, пренесува ТАСР.

Премиерот Игор Матович ги повика граѓаните кои се негативни да се однесуваат кон секој во неговата околина како да е позитивен.