Најмалку 404.245 лица починале од коронавирус во светот, додека повеќе од седум милиони луѓе биле заразени во 196 земји и територии, пренесе агенцијата „Франс прес“. Бројот на официјално заразени не ја одразува реалната бројка на заразени, бидејќи многу земји само тестираат пациенти на кои им е потребен болнички третман.

Од вкупниот број заразени, најмалку 3.078.100 луѓе се сметаат за излечени. САД, каде што е регистриран првиот смртен случај на почетокот на февруари, се најмногу погодени од вирусот.
Во таа земја починале 110.771 лица, заразени се 1.951.111 и се излечиле 530.367.

По САД, држави со најголем број смртни случаи се Велика Британија (40.597 смртни случаи и 287.399 заразени, Бразил (36.455 смртни случаи и 691.758 заразени), Италија (33.964 смртни случаи и 235,278 заразени) и Франција (29.209 смртни случаи и 191,185 заразени).

Кина без територијата на Хонг Конг и Макао, каде започна епидемијата во декември 2019 година, официјално има 83.040 заразени, 4.634 мртви, а бројот на излечени е 78.341.

Европа има 183.985 смртни случаи и 2.291,003 заразени, САД и Канада 118.641 смртни случаи и 2.047.260 заразени, Латинска Америка и Карибите 65.889 мртви и 1.335.035 заразени, Азија 19.679 смртни случаи и 700.719 заразени, Блискиот исток 10.640 смртни случаи и 488.737 заразени, Африка 5.280 смртни случаи и 1893.802 заразени лица и Океанија 131 починати лица и 8.645 заразени.