Повеќе од 550.000 луѓе починаа од коронавирус во светот, објави агенцијата Франс Прес.

Половина од смртните случаи се регистрирани во четирите земји најпогодени од епидемијата, а тоа се – САД со 132.309 мртви, Бразил (67.964), Велика Британија (44.517) и Италија (34.914).

Во светот има 12.081.516 заразени лица, од кои 550.013 починале. Во Европа починале 201.112 лица, а заразени се 2.782.032.

Од вкупниот број заразени, излечени се 6.447.909 лица.

Франс Прес секојдневно објавува дневен биланс базиран на државни податоци од земји низ целиот свет и информации од Светската здравствена организација.