Владата на САД објави дека минатата недела без работа останале 6,6 милиони луѓе, со што досега речиси 17 милиони луѓе ги загубиле своите работни места од почетокот на кризата со коронавирусот во САД.

Ова е речиси идентично со претходната недела кога 6,9 милиони луѓе останаа невработени.

До почетокот на кризата невработеноста во САД беше на рекордно ниско ниво од 3,5 проценти, а сега достигна десет проценти.