Во САД во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 184.514 нови случаи на коронавирус.

Според последните податоци, во изминатото деноноќие починале 1.431 лица.

Од почетокот на пандемијата во САД се заразени со Ковид-19 најмалку 10,73 милиони луѓе, а починале повеќе од 244.000.