САД се на прво место во светот по бројот на заразени и починати од коронавирус, а веќе трет ден по ред пријавуваат повеќе од 50.000 нови случаи на коронавирус.

Според веб-страницата на Ворлдметерс, 2.890.588 луѓе се заразени во САД, а од коронавирусот починале 132.101 лица.

САД во петокот пријавиле најмалку 51.842 нови случаи, покажуваат податоците на универзитетот „Џонс Хопкинс“. Калифорнија, Аризона, Тексас и Флорида објавија рекорден број нови случаи на инфекција неделава. Флорида во петокот пријави скоро 9.500 нови случаи на коронавирус, а Тексас 7.555.