Во Соединетите Американски Држави, во последните 24 часа починаа 4.331 лице како последица на инфекцијата со ковид-19. Податоците објавени на Worldometers покажуваат дека бројот на заразени лица во САД во последните 24 часа е поголем за 276.941 и изнесува 21.865.323. Регистрирани се 4.331 смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 370.071.

Исто така, бројот на оздравени надмина 13 милиони, додека беа извршени повеќе од 263,5 милиони тестови за присуство на вирусот. Федерална држава со најмногу инфекции е Калифорнија (над 2,5 милиони), потоа следи Тексас (над 1,89 милиони) и Флорида (над 1,4 милиони).

Њујорк е држава со најмногу смртни случаи – 38.888. По САД, следуваат Индија (над 10,39 милиони) и Бразил (повеќе од 7,8 милиони).