Во последните 24 часа во Русија се регистрирани скоро 9.000 нови случаи на коронавирус, а стапката на дневен раст на заболени е околу два проценти.

Според кризниот штаб, регистрирани се 8.984 нови случаи во 84 региони, од кои 35% асимптоматски.

Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 467.673 случаи, а активни се 235.083.

Дневниот раст на заболени во Русија е на скоро исто ниво веќе три недели, движејќи се помеѓу 8.300 и 9.200.

134 лица починаа во последните 24 часа, а 5.855 од почетокот на епидемијата.