Во светот во последните 24 часа се регистрирани вкупно 278.291 нови случаи на ковид-19, а починале 6.815 лица, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Според податоците за петок, во светот досега се потврдени 18,9 милиони случаи, а повеќе од 709 илјади починале. Статистиката на СЗО се заснова на официјално потврдени податоци објавени од земјите. Наведено е дека Јужна и Северна Америка имаат најмногу потврдени случаи од почетокот на епидемијата, повеќе од 10,1 милиони.

Во Европа се потврдени повеќе од 3,5 милиони случаи, а 215.640 илјади починале. Вчера биле регистрирани повеќе од 25.000 нови случаи, а 416 починале. Во Југоисточна Азија се регистрирани 2,4 милиони случаии повеќе од 50.000 починати.

Најголем број случаи има во САД, Бразил, Индија, Русија, Јужна Африка, Мексико, Перу, Чиле, Колумбија и Иран.