Во најдлабокиот рудник во светот, Мпоненг во Јужна Африка, 164 рудари се заразиле со коронавирусот, поради што рудникот ќе биде затворен на неопределено време.

Рудникот за злато во сопственост на компанијата „Англоголд Ашанти“ повторно започна со ископувања на 22 април со 50 отсто од капацитетот, откако претходно беше затворен за време на карантинот, јави Би-би-си.

Како што се наведува, рудникот сега е повторно затворен затоа што рударите биле загрижени за одлуката за отворање поради неможноста за ефикасно спроведување на мерката за физичко растојание.

Рудникот Мпоненг се протега на длабочина од околу четири километри, поради што се смета за најдлабок рудник во светот од нивото на земјата.