Жена на 54 годишна возраст е првата личност во Мексико која е заразена со ковид-19 и грип А (Х1Н1) истовремено, соопштија властите.

– Таа страда од автоимуни болести, рак и дебелина, заедно со хронично белодробно заболување – рече на редовната прес-конференција Хозе Луис Аломиа, директор на епидемиолошката служба во Министерството за здравство.

Пациентката имала симптоми кон крајот на септември што довело до нејзино хоспитализирање. Лекарите велат дека нејзината состојба е стабилна.

Мексико е четврта земја најтешко погодена од пандемијата на ковид-19, со досега 83.781 починати и околу 817.503 заразени, покажуваат најновите официјални податоци.