Во средината на март во САД почнуваат испитувања на вакцините развиени од лабораторијата на „Модерна“ против јужноафриканскиот вид на коронавирусот, изјави Ентони Фаучи, советник во Белата куќа.

– Испитувањата почнуваат во средината на март – рече имунологот на прес-конференција одржана во Белата куќа.

Засега, додаде Фаучи, нема да се прочува ефикасноста, туку само безбедноста и имуногеноста на производот, т.е. неговата способност да предизвика имунолошки одговор.

Тој рече дека првата фаза од испитувањето ќе се спроведе кај мал број луѓе.

Јужноафриканската варијанта според научниците е најзагрижувачка бидејќи покажа дека може делумно да се спротивстави на имунолошката заштита развиена по инфекција со вирусот или по примањето на вакцината.