Во Кина во последните 24 часа се забележани 18 нови случаи на коронавирус, што е најмал број на новозаразени од 17 март.

Од новозаразените, девет се увезени случаи, што пак, е најмал број на новозаразени кои дошле од странство од 13 март.

Вкупниот број на заболени од новиот коронавирус од почетокот на епидемијата е 82.735. Вкупниот број на починати останува 4.632.