Кинеските власти соопштија дека 10 дена по ред не е регистриран ниту еден смртен случај од коронавирус.

Од 12 нови случаи во последните 24 часа, 11 се патници од странство, а еден случај е регистриран на североистокот на земјата, во област на границата со Русија.

Во болница се лекуваат помалку од 840 луѓе.

Според официјалните податоци, во Кина се потврдени 82.816 случаи на коронавирус, а 4.632 починале.