Уште пет лекари починаа во Италија од коронавирус, соопшти денеска италијанската федерација на лекари.

Со ова бројот на починати лекари од почетокот на епидемијата се искачи на 66.

Си-ен-ен јави дека се заразени 8.956 здравствени работници во целата држава.

Според податоците објавени денес, повеќе од 500 италијански лекари се разболеле во последните неколку дена.