Во последните 24 часа во Италија, 377 лица починаа од ковид-19, а регистрирани се речиси 9.000 новозаразени со коронавирус.

Координаторот на владиниот научно-технички комитет, Агостино Миоко, тврди дека епидемиолошката состојба во Италија е под контрола, а карантинот што беше на сила во земјата за време на изминатите празници беше добар потег.

– Толку мал број новозаразени, 24 проценти помалку за една недела во споредба со претходната, не е забележан од октомври. Сепак, треба да се нагласи дека имунитетот на општеството ќе се воспостави само со масовна вакцинација – рече Миоко.

Во моментот, вкупниот број на заразени лица во Италија е 547 илјади, од кои 20 илјади се во болница, а останатите се во домашна изолација.