Во Италија во последните 24 часа регистррани се 28.337 нови случаси на коронавирус, а починале 562 лица. Изминатиот ден биле направени 188.747 тестови, пренесе „Ројтерс“.

Расте бројот на починати на дневно ниво, а се зголемува и бројот на хоспитализирани лица, како и бројот на пациенти на одделенијата за интензивна нега.

На болничко лекување моментално се над 34.000 луѓе, а на интензивна нега 3.801 пациент.

Од почетокот на пандемијата во Италија починаа речиси 49.000 луѓе, а се заразиле 1,4 милиони луѓе.