Во изминатите 24 часа Иран забележа рекорден број на смртни случаи од коронавирус – 235, според податоците на тамошното Министерство за здравство.

Претставник на тоа министерство објави дека во Иран се потврдени 296.273 случаи на коронавирус и дека вкупно 16.147 лица починале од почетокот на епидемијата, пренесува „Ројтерс“.

Според податоците од сајтот Worldometers, Иран се наоѓа на 11 место во светот по бројот на заразени со коронавирус.

Земјата е најтешко погодена од пандемијата на коронавирус на Блискиот Исток, а смртноста од ковид-19 нагло се зголеми од средината на април, кога почнаа да се олеснуваат рестриктивните мерки.