Индија стана првата земја во светот што пријави повеќе од 400.000 нови случаи на коронавирус за еден ден.

Во последните 24 часа официјално се регистрирани 3.523 смртни случаи, но се верува дека бројката е далеку поголема бидејќи многу смртни случаи не се пријавени, објави Би-би-си.

Од денеска, сите возрасни лица во Индија имаат право на вакцинација. Неколку држави, сепак, соопштија дека немаат доволно вакцини. Индија претходно се фокусираше на вакцинирање на медицинските работници и оние над 45 години.

Земјата се соочува со акутен недостиг на медицински кислород и болнички кревети, бидејќи разорниот втор бран на вирусот влијае на нејзиниот здравствен систем.

Досега се дадени околу 150 милиони вакцини, што е 11,5 проценти од 1,3 милијарди жители во Индија.