Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лeјен, објави дека досега во ЕУ се дадени 150 милиони дози вакцини против ковид-19.

– Вакцинацијата во Европа се забрзува. Една четвртина од Европејците ја примија првата доза – објави Фон дер Лејен на својот твитер-профил.

Претседателката на ЕК нагласува дека ЕУ има доволно вакцини со цел во јули да има вакцинирано 70 проценти од возрасната популација.