Во Германија во последните 24 часа се регистрирани 6.868 нови случаи на коронавирус, а 47 лица починаа, објави Институтот „Роберт Кох“.

Вкупно 373.167 лица се заразени во земјата од почетокот на епидемијата, од кои 9.836 починале, пренесува „Ројтерс“.

Во последните 24 часа во Украина е забележана рекордна смртност кај ковид-пациенти – 113 смртни случаи.

Украинскиот Совет за национална безбедност објави дека досега се потврдени вкупно 309.107 случаи на ковид-19, 5.786 починати и 129.533 излекувани пациенти, објави „Ројтерс“.