На Виенскиот универзитет за технологија (ТУ Виен) е развиен нов метод на тестирање за коронавирус, кој е исклучително чувствителен и може да постигне најбрзи резултати до сега.

Новиот вид технологија со биочипови со сигурност детектира и најмали количини на вируси со неспоредлива брзина, што го намалува ризикот од лажни негативни резултати. Само три до пет вируси се доволни за да генерираат сигурен сигнал.

Досегашните брзи тестови за коронавирус се темелат на познати методи, кои претходно биле применети на други вируси.

Ќе бидат потребни уште неколку месеци обука додека прототипот не биде подготвен за пазарот, но истражувачкиот тим се надева дека новиот тест може да се искористи за тестирање на голем број луѓе со голема сигурност за многу краток временски период.

Во моментов се работи на усовршување на техничките детали, но бидејќи се покажа дека методот работи, веќе е поднесен патент. Покрај тоа, овој метод може да се примени на кој било друг вид вирус, соопшти Еуроком-ПР Сараево.