Во Велика Британија денеска се регистрирани 12.872 нови случаи на коронавирус, што е за околу 2.500 помалку од претходниот ден. Во последните 24 часа починаа 65 лица, покажуваат владините податоци, пренесува „Ројтерс“.

Поради влошувањето на епидемиолошката состојба во земјата, се очекува утре премиерот Борис Џонсон да објави нови рестриктивни мерки.

Од почетокот на пандемијата, заболеле повеќе од 603.000 лица, а 42.805 починале.