Две лица на југот на Англија се позитивни на јужноафриканскиот вид на коронавирус, а немале контакт со луѓе кои неодамна биле таму.

Жителите на Сари, југозападно од Лондон, ќе бидат тестирани без оглед дали имаат симптоми или не.

– Тоа е мерка на претпазливост. Колку повеќе случаи на оваа варијанта откриеме, толку се поголеми шансите да го спречиме нејзиното понатамошно ширење – рече Рут Хачинсон, директор на Агенцијата за здравство.

Британската влада во јануари објави дека открила случаи на јужноафриканскиот и бразилскиот вид на коронавирус, но сите биле поврзани со патувања во тие делови на светот.