Повеќе од 10 милиони луѓе во Велика Британија ја примија првата доза на вакцината против ковид-19, истакна министерот за здравство, Мет Ханкок, потенцирајќи дека станува збор за исклучително значајно достигнување.

Велика Британија има намера да ги вакцинира сите лица постари од 70 години, високоризичните групи и здравствените работници во болниците, до средината на февруари.

Земјата одобри вакцини развиени од „Фајзер“ и „Бионтек“, како и од Универзитетот во Оксфорд и „Астразенека“, порано од Соединетите Држави и Европската Унија што и овозможи побрз почеток на вакцинација.