Бројот на починати од коронавирус во Велика Британија порасна денеска за 684 на 3.605, што е пораст од 23 проценти во однос на претходниот ден.

Британските научници велат дека ќе биде добро ако бројот на смтни случаи во оваа земја биде под 20.000, но дека најлошото сценарио подразбира 50.000 ако не се почитува самоизолацијата.

Со коронавирус се заразени британскиот премиер, Борис Џонсон и министерот за здравство Мет Хенкок.