Според последните податоци, 778 луѓе починале во Велика Британија во последните 24 часа, при што дополнително 5.252 лица се заразени со коронавирус.

Со тоа, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со коронавирус во таа земја е зголемен на 93.873 лица, а смртните случаи на 12.107.

Во Британија, дневното зголемување на бројот на пациенти во последната недела е околу 4.000 или 5.000, со значителен скок на повеќе од 8.000 лица на 9 април.