Бројот на заразени со коронавирус во Бразил надмина еден милион, што сведочи за континуираното ширење на епидемијата во светот поради опуштање на мерките за изолација, предупредува Светската здравствена организација.

Латиноамериканската држава засега има 48.954 смртни случаи, што ја става земјата на второ место во однос на бројот на починати.

Од почетокот на јуни, Бразил регистрира повеќе новозаразени (518.000) и починати (19.000) од која било земја во светот, според пресметката на АФП.