Фабрика за преработка на месо во Западен Јоркшир е затворена поради локално ширење на коронавирусот.

Оваа е трета фабрика во Велика Британија која е затворена, откако стана жариште во изминатите неколку дена, пренесува АП.

Претходно беа затворени фабрики за прехрабени производи во Северен Велс.

Компанијата „Асда“ потврди дека нејзината подружница „Кобер“ одлучила да ги затвори погоните во Клекхитон.

Во соопштението се посочува дека штом се дознало за појава на заразени, фабриката реагирала брзо и во соработка со локалните власти и Јавната здравствена служба на Англија ги тестирале работниците.

Лекарите и властите од локалната заедница изразија незадоволство од соопштението, истакнувајќи дека дознале за случајот кога министерот за здравство, Мет Хекок, на вчерашната прес-конференција споменал кластер во областа Кирклис.