Француската влада размислува за продолжување на вонредната состојба поради пандемијата од ковид-19 до 16 февруари следната година, пренесува „Скај њуз“.

Владиниот портпарол Габриел Атал во изјава за медиумите рече дека уште неколку француски региони ќе влезат во т.н. статус на црвен аларм, што значи дека и во нив ќе се воведе полициски час кој во моментов е на сила во најголемите француски градови.

Предложениот нов датум за крај на вонредната состојба значи дека полицискиот час, кој трае од 21 до 6 часот наутро секој ден, би можел да се продолжи.