Со цел да се врати довербата на јавноста во вакцината на „Астра зенека“, денеска британскиот премиер Борис Џонсон ќе ја прими оваа вакцина, како и целиот словенечки државен врв, предводен од премиерот Јанез Јанша и претседателот Борут Пахор.

Вчера, Европската агенција за лекови (ЕМА) донесе важна одлука за вакцината на „Астра зенека“, но довербата на јавноста во вакцината е поткопана и сега мора да се врати.

Откако голем број европски земји привремено ја прекинаа имунизацијата со вакцината на „Астра зенека“ поради сомневања за сериозни несакани ефекти поврзани со згрутчување на крвта, ЕМА спроведе истрага и утврди дека вакцината е безбедна и ефикасна.

Сепак, довербата на јавноста во вакцината е несомнено нарушена, а доказ за тоа се и извештаите на лекарите од Европа дека значителен број луѓе, особено постарите лица, одбиваат да се вакцинираат со оваа вацина.