Официјален претставник од мадридскиот регион препорача граѓаните да носат маски и во својот дом ако во него има луѓе со кои не живеат постојано.

Шпанија веќе има најстроги правила во Европа за носење маски.

Во Мадрид, тие се задолжителни секаде на јавни места, освен ако не сте на отворено и може да одржувате растојание од 1,5 метри.

Во повеќето делови на земјата, тие мора да се носат во јавност без оглед на расотјанието, но не постојат правила за нивно носење по домовите.

– Препорачуваме, како мерка на претпазливост, маските да се носат и во приватни простории кога ќе седите со луѓе со кои не живеете – рече Енрике Руиз Ескудеро, шеф на здравствените служби во регионот на Мадрид.

На прес-конференција, тој призна дека нема начин како властите да го следат почитувањето на таа препорака.

– Сметаме дека е важно затоа што повеќето кластери произлегуваат од семејни и пријателски собири или прослави на кои се собираат луѓе што не живеат заедно – рече тој.