Шефовите на Светската здравствена организација и Фондот за деца на ООН апелираат за зголемено производство на вакцини против ковид-19 и правична дистрибуција, предупредувајќи дека глобалното ширење е опасно нерамномерно. Според податоците на двете организации во речиси 130 земји, со 2,5 милијарди луѓе, сè уште немаат ниту една вакцина. Од досега испорачаните 128 милиони вакцини низ светот, повеќе од три четвртини вакцинирани има само во десет земји, кои сочинуваат 60 отсто од глобалниот бруто-домашен производ (БДП).

– Од досега испорачаните 128 милиони вакцини низ светот, повеќе од три четвртини вакцинирани има само во десет земји, кои сочинуваат 60 отсто од глобалниот бруто-домашен производ (БДП) – изјавија шефот на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебреизус и извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Фор.

СЗО и УНИЦЕФ предупредуваат дека ако продолжи ваквата ситуација, тоа ќе „чини животи и егзистенции“, а на вирусот ќе му се овозможи да мутира и да го поткопува глобалното економско закрепнување. Од тие причини од двете организации ги повикуваат владите и лидерите да погледнат подалеку од своите граници и да изготват стратегија за вакцинирање која ќе стави крај на пандемијата и ќе спречи појавување на нови мутации.

Нивните препораки се прво да се имунизираат здравствените работници и ранливите категории во сите земји. Покрај апелите до лидерите, од СЗО и УНИЦЕФ апелираа и до производителите на вакцини праведно да ја распоредуваат дистрибуцијата и да помогнат и други производители да се вклучат во производство.