Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус, изработена од универзитетот Оксфорд и „Астра зенека“.

Велика Британија е прва земја што ја одобри оваа вакцина досега, што е голема надеж за многу, помалку богати земји во светот.

Најновите истражувања покажаа дека вакцината на Оксфорд е ефикасна 90 проценти и за разлика од вакцината на „Фајзер“ не мора да се чува на екстремно ниски температури, што го олеснува чувањето.

Вакцината на Оксфорд во јануари се очекува да биде одобрена во Европската Унија.