Велика Британија одлучила да купи 90 милиони дози вакцини против ковид-19, коишто ги развиваат големите фармацевтски фабрики со седишта во Франција, Германија и САД, соопшти владата.

Нарачани се 60 милиони дози вакцини од француската Валнева и 30 милиони вакцини БНТ162 од заедничката програма на германскиот „Био Тек“ и американскиот „Пфизерам“, објави ДПА. Договорот со Валнева вклучува можност за купување на 40 милиони дополнителни дози „доколку вакцината се покаже како безбедна, ефективна и удобна“, соопшти владата.

Велика Британија веќе резервираше 100 милиони дози вакцина од универзитетот Оксфорд, која ја развива „АстраЗенека“, која е една од десетина кандидати за вакцината ширум светот.

Резервирањето на различни видови вакцини „ќе обезбеди дека Велика Британија има најдобра можност да обезбеди вакцина што ги штити оние со поголем ризик“, рече британскиот државен секретар за бизнис, Алок Шарма.

Томас Лингелбах, извршен директор на Валнева, рече дека неговата компанија е „пресреќна што е избрана за да учествува во оваа важна програма со владата на Велика Британија“.Валнева вели дека планира да ја произведе вакцината во фабрика во Шкотска и очекува британската влада да придонесе за трошоците на клиничките студии.