Велика Британија е првата земја во светот што ја одобри употребата на антивирусни таблети кои би можеле да помогнат во борбата против коронавирусот. Ова е првиот одобрен орален антивирусен лек за ковид-19, кој наскоро може да биде одобрен и во САД.

Податоците од истражувањето сугерираат дека молнупиравир може да ги „преполови“ шансите за хоспитализација или смрт од ковид кај најзагрозените пациенти, кога третманот се започнува додека болеста е сè уште во зачеток.

Лекот го произведува компанијата „Мерк“, која најави дека се надева дека ќе произведе десет милиони дози од лекот до крајот на годината, а уште 20 милиони во текот на 2022 година.