Главниот град на САД, Вашингтон, едно од местата со најстроги антиковид мерки во САД, од следната недела ќе го укине задолжителното носење маска внатре, најави градоначалникот.

– Од понеделник, 22 ноември, Вашингтон ја укинува обврската за носење маска внатре – рече градоначалникот на Вашингтон, Муриел Боузер на денешната прес-конференција.

Приватните компании може да продолжат да бараат маската да се носи и таа останува задолжителна во јавниот превоз, во училиштата внатре, во библиотеките, домовите за стари лица, како и во некои јавни згради.

На крајот на јули, главниот град на САД воведе задолжително носење маска за вакцинирани и невакцинирани лица поради зголемениот број на инфекции поврзани со видот делта коронавирус.

Со таа мерка Вашингтон беше еден од градовите со најстроги мерки поврзани со коронавирусот во земјата.