Вчера во САД биле вакцинирани 2,9 милиони лица, истакна Енди Славит, советник во Белата куќа и член на кризниот штаб за борба со Ковид-19.

– Честитки за сите што даваат вакцини, волонтери, доктори, аптекари, курири, работници, вработени во администрацијата и војници, кои работат заедно во овој напор – напиша Славит.

Ове е дневен рекорд во обидите на администрацијата на претседателот Џо Бајден да ја постигне цифрата од 100 милиони вакцинации во првите 100 денови по преземањето на функцијата на 20 јануари.