Американците кои се вакцинирани против ковид-19 повеќе не мора да носат маски на отворено, освен на стадион или концерт.

„Ако сте ги примиле двете дози на вакцина и сакате да бидете дел од мал собир, во мала група на луѓе можете да бидете безбедни без маска“, изјави Рошел Валенски од Центарот за контрола и превенција на болести.

Во САД, вакцинацијата против коронавирусот напредува бргу. Речиси 30 проценти од населението е веќе целосно вакцинирано.