Во мигрантскиот камп на локалитетот Липа во Босна и Херцеговина дојде до бунт од страна на поголем број мигранти, кои предизвикале материјална штета на едно од полициските возила.

Полицијата била принудена да испука куршуми во воздухот како предупредување.

Началничката на криминалистичката полиција при Министерството за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон, Снежана Галиќ, рекла дека сè започнало во понеделникот ноќта кога 200-300 мигранти се побуниле зошто, наводно, не им била овозможена лекарска помош, пренесе порталот „Кликс“.

Според неа, мигрантите фрлале камења и други цврсти предмети кон полицијата и работниците, кои работат на обезбедување на кампот, но повредени нема.

Ситуацијата во моментов е мирна, а припадниците на полицијата работат на расветлување на случајот и идентификација на иницијаторите на бунтот.