Бројот на заразени со коронавирус се искачи на повеќе од 10.000 во Чешка, според податоците што ги објави Министерството за здравство.

Чешката Република, со население од 10,7 милиони, има 10.024 потврдени случаи на инфекција, со 329 смртни случаи и 7.226 излечени.

Растот на бројот на случаи беше во обем од 31 до 74 во последните две недели.

Чешките власти ги отворија границите за патувања од повеќето земји на Европската Унија овој месец и го зголемија лимитот на јавните собири на 500 лица.