Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони.

Со коронавирусот се заразени 6.035.071 луѓе, 366.913 починале, а 2.66.658 се излекувани.

Најмногу заразени има во САД – 1,7 милиони луѓе, додека 104.542 починале.

На второ место по број на заразени е Бразил, а потоа следуваат Русија, Шпанија, Велика Британија и Италија.

После САД, најголем број смртни случаи регистрирани се во Велика Британија и Италија.