Бројот на случаи на коронавирус во светот надмина осум милиони, со голем пораст на бројот на заразени во Латинска Америка, пренесува „Ројтерс“.

Првиот случај беше пријавен во Кина на почетокот на јануари и до почетокот на мај бројот на заразени скокна на четири милиони. Но, беа потребни само пет недели за бројката да се удвои на осум милиони случаи.

Глобалните смртни случаи достигнаа над 434.000 и се удвоија за седум недели.

САД сè уште водат во светот со најголем број инфекции, околу два милиони или 25% од сите пријавени случаи и со 116.000 смртни случаи.

Сепак, епидемијата рапидно расте во Латинска Америка, која сега учествува со 21% од сите случаи.

Бројот на починати од коронавирус во Бразил се искачи на речиси 44.000, според Министерството за здравство, со што Бразил се искачи на второто место, додека околу 900.000 се заразени. Сепак, бројките во најголемата земја во Јужна Америка се верува дека се далеку повисоки поради недостиг на широко распространети истражувања.

И покрај сериозноста на епидемијата, многу бразилски држави и градови почнаа да ги намалуваат правилата за социјална дистанца во последните неколку недели, како резултат на зголемениот замор во јавноста и упорното барање на претседателот Жаиро Болсонар да ја покренат економијата.

Мајк Рајан, експерт за итни случаи на Светската здравствена организација, рече дека Латинска Америка останува причина за загриженост.

Мексико премина преку 150.000 потврдени случаи на коронавирус и 17.580 смртни случаи.

Кина исто така се бори со повторното појавување на вирусот. По речиси два месеци без нови инфекции, откриени се над 100 нови случаи во главниот град Пекинг.