Вкупната бројка на заболени од коронавирусот во светот утрово се искачи над 277 илјади лица. Голем скок во новопријавени случаи вчера имаше во Германија каде вкупната бројка се зголеми за неколку илјади и таму сега речиси 20.000 лица се регистритрирани како позитивни на ковид-19.

Досега починале 57 лица, додека излекувани се двојно повеќе – 113.

Во Италија вчера починале 624 лица како последица на опасниот вирус, со што бројот на смртни случаи ја надмина бројката од 4.000 лица. Бројот на заболени во Италија се искачи на на повеќе од 47.000. Втора европска држава по број на заболени од вирусот е Шпанија, каде досега се евидентирани 21.571 заразени лица и 1.093 смртни случаи.