Додека се нижат националните и интернационалните натпреварувања кои се откажани поради Ковид-19 вирусот, британскиот премиер Борис Џонсон инсистира дека нема медицинска потреба за забрана на спортските натпреварувања во Обединетото Кралство.

На прес-конференција со неговите главни медицински и научни советници, Џонсон објави дека нема да има забрана на масовни собирања во земјата, но додаде дека во блиска иднина можно е откажување на спортските натпреварувања поради потребните ресурси.

– Околу масовните собирања и спортските натпреварувања, многу е важно да се водиме по научните совети. Размислуваме за опцијата за забрана на спортските натпреварувања, но научните податоци покажуваат дека со тоа ќе има минимално влијание на ширењето на вирусот, иако постои прашањето на товарот кој такви натпреварувања го прават на државните служби – вели Џонсон.

Досега на пауза се фудбалските шампионите во Италија и Шпанија и повеќето европски земји, а се верува дека под закана се и натпреварите од Лигата на шампионите и Лига Европа, како и Европското првенство во фудбал.