Британската кралица Елизабета Втора в недела во 21 часот ќе се обрати во јавноста во живо од Бакингамската палата, поради епидемијата на коронавирусот.

Бројот на смртни случаи во Велика Британија во последните 24 часа достигна 684 и сега од коронавирусот во оваа земја починале 3.605 луѓе, заразени се 38.168, а се излечиле 135.

Обраќањата на англиската крализа во јавноста се многу ретки, ова е дури четврти пат во текот на нејзиното 68-годишно владеење таа да се обрати пред граѓаните поради некоја криза.

Првиот пат тоа го направила поради Првата заливска војна во 1991 година, потоа шест години подоцна поради погребот на принцезата Дијана, а потоа во 2002 година, поради смртта на мајката на кралицата. Последен пат во јавноста во живо се обратила во 2012 година поради Дијамантниот јубилеј, односно 60 години на британскиот трон.