Британската влада донесе одлука да покрене акција наречена „Јади во ресторан, помогни му на ресторанот“ и да субвенционира оброци со 50 проценти. Акцијата ќе се реализира во август, секој понеделник, вторник и среда, кога е помал бројот на посети на ресторани.

Целта на акцијата е да им помогне на угостителите кои се борат со последиците од пандемијата на коронавирус. Во акцијата ќе бидат вклучени околу 72 илјади угостителски објекти.

Критичарите предупредуваат дека рестораните за брза храна треба да бидат исклучени од таа државна интервенција.