Жена стара 106 години, за која се верува дека е најстарата пациентка во Велика Британија која успешно го пребродила коронавирусот, беше испратена од болницата со аплауз од страна на здравствените работници.

Кони Тичен од Бирмингем, на која ѝ биле потребни помалку од три недели да се справи со вирусот, била примена во болницата кон средината на март под сомнение за пневмонија.

– Многу сум среќна што го победив овој вирус. Не можам да дочекам да го видам семејството. Сега имам и апетит – рече Тичен додавајќи дека со нетрпение ја очекува свечената трпеза во нејзиниот дом.

Тичен е родена во 1913 година, во времето кога крал бил Џорџ Петти, дедото на сегашната британска кралица Елизабета Втора, пренесува „Ројтерс“.