Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, се подготвува денес да објави дека „Денот на слободата“ ќе се одложи најмалку за две до четири недели.

Велика Британија, најверојатно, ќе го одложи укинувањето на сите мерки против пандемијата со цел да се избегнат илјадници хоспитализирани.

Владата претходно соопшти дека целосното отворање на земјата ќе биде на 21 јуни, кога требаше да бидат укинати последните ограничувања, но сега се очекува сите планови да бидат одложени поради брзиот пораст на бројот на заразени со индискиот делта вирус.

Повеќе од 90 проценти од заразените во Англија последните денови ја имаат оваа варијанта на вирусот, а здравствените работници се загрижени дека овој вид на вирус е делумно отпорен на вакцината и дека е најмалку 40 проценти позаразен од другите соеви.