Велика Британија забележа 53.945 нови случаи на коронавирус – највисока дневна бројка од средината на јули по Европското фудбалско првенство.

Последен пат беа пријавени повеќе случаи на 17 јули кога беа регистрирани нови 54.674, и тоа шест дена по финалето на турнирот на „Вембли“.

Податоците од четвртокот исто така покажаа 141 повеќе смртен случај во рок од 28 дена од позитивен тест на коронавирус во споредба со 41 на 17 јули.

Минатата недела ова време регистрирани се 147 починати и 47.240 нови случаи.